Кои сме ние?

Младите можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади на 28 мај, 2009 година. Оваа 2019г. ќе одбележи 10 години постоење, повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата, а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.

hero photo

Визија

Младите луѓе да земат активно учество во развојот на својата заедница и преку младински и социјален активизам, како моќи алатки за општествена промена, да одговорат на своите потреби во заедницата.

Мисија

Да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Искуства на младите што можат

Кои се нашите програми

Ментално здравје и развој
Group of people

На членовите во програмата им се нуди платформа за личен развој, себеспознавање, себереализација и станување на најдобрата верзија од себеси.

Волонтерство и активизам
Group of people

Служење во корист на заедницата, меѓусебно помагање и здружено делување насочено кон менување на светот како подобро место за живеење.

Развој на кариера
Group of people

Процес на стекнување на лични вештини, постојано надоградување и учење, себепронаоѓање, развивање на најдобра верзија од себеси.

Запознај го нашиот тим

Team Member Director

Анита

Николовска

Извршен директор

Team Member Career Coordinator

Никица

Манџуковски

Програмски координатор за кариерен развој

Team Finances Coordinator

Сања

Матовска

Координатор за администрација и финансии

Team Mental Health Coordinator

Филип

Ивковски

Програмски координатор за ментално здравје